Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, сопственици и возачи на товарни возила дека од 1 јули до 1 септември 2021 во сила се измените на режимот кој се однесува на сите видови товарни возила.

Според овие измени, на магистралниот пат Гостивар-Кичево забрането е движење на товарни возила во петоците од 15 до 22 часот, во саботите од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во неделите од 7 до 22 часот.

Ова се однесува и на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови-Гостивар.

Од МВР информираат дека на овие патишта веќе е поставена соодветна вертикална сигнализација која го регулира изменетиот режим и со која се ограничува движењето на овој вид возила.

Од таму појаснуваат и дека изменениот режим не ги опфаќа товарните возила кои превезуваат нафта и нафтени деривати, житни култури, лесно расипливи производи, жив добиток и хортикултурни производи.

makfax.com.mk