logo
logo
logo

ДКСК откри сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци од страна на обложувалници

Vecer | 09.04.2021

ДКСК откри сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци од страна на обложувалници

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) правејќи проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на обложувалници.

– Заради надминување на ова и проверка предлагам како ДКСК да побараме итно да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и да се направи проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш. бидејќи засега со првичнава проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. Да побараме промена во законот или да се регулира оваа исплата во кеш, предложи членот на ДКСК Горан Трпеноски, кој работел на случајот заедно со службите во комисијата.

При тие проверката откриле случај за сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните од спортските обложувалници и индиција за сомнеж за можно перење на пари.

Апелираше до играчите на среќа и граѓаните, како што кажа, да си ги проверат даночните пријави бидејќи, според Трпеноски, има случаи на губење на социјална помош, крадење на лични податоци, земање на кредити…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk