logo
logo
logo

Диви животни причина за три сообраќајки деновиве на автопатот Тетово- Скопје

Vecer | 30.11.2021

Диви животни причина за три сообраќајки деновиве на автопатот Тетово- Скопје

Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни.

Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе.

– Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат на коловозот и да ја доведат во прашање безбедноста на сообраќајот. При тоа, кучињата скитници и годинава се најголемите предизвикувачи на ваков вид несреќи (48), а чиј вкупен број на тетовското подрачје досега изнесувал 58. Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и до ловечките друштва во рамките на нивните надлежности да преземат соодветни мерки околу дивечот, со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на годината има вкупно шест случаи на незгоди во кои биле прегазени диви прасиња, а има и примери со зајци, мачки и една мечка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk