Згрозени сме од насилниот однос и примитивизмот на Александар Стојкоски, в.д. директор на ЈСП Скопје, кадар на Данела Арсовска, кој во недостаток на аргументи се заканува со физичка пресметка, истакна во своето обраќање до јавноста Филип Јаневски, советник од „Глас за Македонија“, дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Град Скопје.
 
– Агресивниот однос и насилието се недолични за директор, функционер, кој е платен со парите на скопјани за да работи во нивен интерес и од тука има обврска за отчетност пред советниците. Насилието и примитивизмот немаат место во модерно Скопје, и тие треба да бидат санкционирани.
 
Бараме извинување од директорот на ЈСП Скопје, како и негова неотповиклива оставка. Доколку директорот  нема доблест да си поднесе оставка бараме градоначалничката Арсовска да го разреши директорот, кој е нејзин избор, а кадар на партијата СДС.
 
Лица како директорот на ЈСП Скопје, Стојкоски, кои работат за себе, наместо за скопјани и кои не сакаат да бидат отчетни пред советниците и пред граѓаните не треба да бидат носители на јавни функции платени со наши пари, вели Јаневски.