Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на панел дискусија во Сараево

Денеска на Универзитетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево се одржа панел дискусија на тема „Управување со ризиците во урбаните средини“. На состанокот покрај научната и експертската фела од повеќе високообразовни институции, цивилната заштита на Федерацијата на БиХ, делагација од Филозофскиот факултет од Скопје, учество зема и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.

Џафероски истакна дека дискусии од ваков тип треба да бидат пример за сите земји и дека е неопходно регионот да се разбуди и да
почне да соработува, а посебно дека оваа панел дискусијата ќе даде голем придонес за двете земји.

На крајот од своето обраќање Џафероски посочи дека сите интитуции се одговорни, но најодговорни се цивилната заштита и образовните институции кои работат на создавање на експерти од областа на сигурноста, но и на воениот и полицискиот кадар.

Дискусијата беше поделена во две сесии. Првата, беше со наслов „Урбано
планирање и антропогени загрозувања”, на која се истакна потребата да се воспостави цврста врска помеѓу заедницата и институциите (полиција, против-пожарна единица, брза помош), но и институции кои работат на изработка на урбанистички планови.

Втората сесија беша насловена како „Превенција на криминалитетот со примена на новите технологии, дизајн на урбаните средини и
околината”, и во неа беше истакнат концептот на „Smart city” кој ги обединува скоро сите компоненти во урбаните средини.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари