logo
logo
logo

Директорка на јавна институција објавува партиски постови во тек на работно време

Vecer | 16.04.2021

Директорка на јавна институција објавува партиски постови во тек на работно време

Дека партизираноста во јавните институции е на високо ниво сведочи токму овој чин на директорка на јавна институција која што во тек на работно време споделува партиски објави, односно додека е на работното место пропагира во корист на власта, пишува Курир.мк.

Имено, станува збор за директорката на МЦСР, Наташа Станојевиќ која на својот профил објавува партиски пропаганден материјал во тек на работно време. Доколку се слушне овој материјал, лесно ќе се заклучи дека станува за чиста пропаганда, а во корост на власта.

Јавноста во текот на вчерашниот ден беше сведок за тоа кој ги кочи антикризнитемерки кои што се наменети за граѓаните и стопанството. Имено, спикерот Талат Џафери, од нејасни причини не ја закажа 36тата седница на која предвидени овие закони.

Токму од таа причина, објавувањето и споделувањето на партиски активности, во случајов со дриректорката на МЦСР, не претставува ништо друго освен чиста пропаганда.

 

Курир.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk