logo
logo
logo

Дипломатски скандал: Советник на Заев го обвини Макрон дека излажал за датумот (ВИДЕО)

Vecer | 12.05.2021

Дипломатски скандал: Советник на Заев го обвини Макрон дека излажал за датумот (ВИДЕО)

Советник и близок соработник на премиерот Заев јавно го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека лажел за македонскиот датум за преговори со ЕУ.

Советникот на Заев кој формално е соработник за евроатлантски вредности за регионална соработка предизвика тежок дипломатски скандал откако на телевизија го нарече лажго претседателот на Франција и еден од најмоќните луѓе во светот Емануел Макрон.

Во емисијата Само Вистина со екс амбасадорот Ивица Боцевски, Рамадани одговарајќи зошто Заев и другите членови на владата лажеле кога објавувале дека земјава добила датум за преговори со ЕУ изјави дека всушност Макрон бил тој што го излажал и Заев и Македонските граѓани.

 

Рамадани е претседател на Атланскиот клуб на Македонија и знае дека ваква навреда за еден од првите луѓе во ЕУ не може да мине без последици за неговата позиција соработник на премиерот.

Доколку Рамадани не биде сменет од советникот место во кабинетот на премиерот тоа според дипломатските протоколи ќе значи дека Заев се согласува со неговите позиции и дека став на македонската влада е дека Макрон е лажго.

По заминувањето на германската канцеларка Меркел од својата функција во септември се очекува токму Макрон да стане неформален лидер на Европската Унија кој ќе одлучува за процесот на проширување кој е во директна врска со Македонија.

Целото видео на Канал 5 во продолжение на линкот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk