logo
logo
logo

Димовски

Преспанскиот договор ја отвори вратата за бугарските политичари да постават нови услови

Vecer | 13.05.2021

Преспанскиот договор ја отвори вратата за бугарските политичари да постават нови услови

Со Преспанскиот договор се отвори вратата и затоа има бугарски политичари кои ни кажуваат дека тоа треба да го направиме и со Бугарија и дека додека не се направи нема да одиме понатаму, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, за „Само вистина“ на Канал 5 кој потенцираше дека информациите кои случајно или не излегоа дека Бојко Борисов бил длабоко вклучен во  преговорите за Преспанскиот договор, беа фрапантни и страшни.

Димовски истакна дека проблемот е што со Преспанскиот договор се дозволи да се редефинира македонскиот идентитет и нас ни е забрането да се повикуваме на македонското наследство кое е вонвременско и цивилизациско.

- Нема во Европа меѓудржавен договор каде две држави дефинираат доколку јас кажам дека сум Македонец, што се подразбира под тоа, ако сум на оваа страна на границата и на другата страна на границата. Тоа е иронијата на нашето прифаќање за редефинирање на идентитет. Седумосминскиот такт е настанат во Егејска Македонија, најубавите македонски песни се таму настанати, сржта на конципирање на македонски јазик ја дава човек од Егејска Македонија, рече Димовски.

Тој нагласи дека тоа што бара и Бугарија редефинирање како што има во Преспанскиот договор во принцип крајната цел и на Грција и на Бугарија е деформирање и деградирање на македонскиот етнички, национален и јазичен идентитет.

- Тие двете може и признаваат македонски политички идентитет, дека има политичка формирана нација, но не признаваат културолошка дефиниција на различна нација, изјави Димовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk