logo
logo
logo

Димитров за влезот на Алијанса во Владата: Се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока

Vecer | 31.01.2023

Димитров за влезот на Алијанса во Владата: Се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока

Алијанса на Албанците и без влегувањето најавува дека би гласала за уставните амандмани, што значи дека доколку овој чекор се случи не прави разлика во таа смисла, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител говорејќи како гледа на најавеното влегување на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ. Димитров смета дека владата во немоќ да испорача вистински реформски чекори се обидува да избега од одржување на предвремени парламентарни избори со оглед на бројките и анкетите кои се многу лоши.
Мислам дека повеќе се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока, а што анкетите ја покажуваат а тоа е дека за жал се изневерија надежите и вредностите на Шарената револуција. Имаме еден многу лош исход од овој проблем и маките со Бугарија, и има една немоќ да се испорачаат вистински реформски чекори дома. И затоа ова не може да биде ништо друго, освен обезбедување на уште некое време за да не се оди на избори брзо, туку да се оди на избори идната пролет за да се зголеми мнозинството бидејќи бројките и анкетите се многу лоши, да се купи уште некое време, за жал за поприлично спорно владеење и тоа го гледаме, истакна Димитров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk