logo
logo
logo

Димитров утре во работна посета на Естонија

Vecer | 06.05.2021

Димитров утре во работна посета на Естонија


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Естонија.

Предвидени се средби со министерката за надворешни работи Ева-Марија Лииметс, со претставници на естонскиот парламент (Riigikogu) – Марко Микелсон, претседател на Комитетот за надворешни работи и Сиим Каалас, претседател на Комитетот за европски прашања, како и со претставници од кабинетот на премиерката Каја Калас, задолжени за европски прашања.

Вицепремиерот Димитров ќе се сретне и со директорот на Естонскиот центар за источно партнерство – Герт Антсу.

По неодамнешните посети на Вилнус и Рига, со Талин, Димитров ја заокружува балтичката турнеја, надоврзувајќи се на серијата посети на главни градови на ЕУ земји членки, значајни за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Во светло на поддршката за пробив на нашиот европски пат, Димитров ќе ја пренесе пораката за потребата од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ што побрзо.

На средбите ќе се дискутира и за зајакнување на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Естонија, со особен фокус на процесот на дигитализација. Преку конкретна експертска поддршка, како една од најуспешните европски земји во однос на дигитализацијата, Димитров ќе разговара за пренесување на естонските искуства со е-влада, како и дигитализација на процесите и услугите за граѓаните и бизнис заедницата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk