Димитров и Рот учествуваа на дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со државниот министер за Европа на германското министерство за надворешни работи, Михаел Рот, учествуваа на дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“, со фокус на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам.

На дебатата учествуваа невладини организации и активисти кои работат во релевантната област, како и градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски и заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Во разговорот со претставниците од невладините организации, министрите Димитров и Рот беа согласни дека членството во ЕУ и креирање и имплементирање на стратегија за заштита на животната средина, се суштински поврзани и напредокот во процесот на европска интеграција е правопропорционален со напредокот во напорите за заштита на животната средина.

Пред дебатата двајцата министри имаа можност да го разгледаат Охрид и да посетат неколку локации од исклучително културно значење за Република Македонија. Гостинот подетално се запозна со традиционалниот начин на создавање на охридските бисери како и со деликатниот филигрански занает.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари