Димитров и канадската амбасадорка согласни за продлабочување на соработката

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со амбасадорката на Канада во Република Македонија, Кетлин Чаба.

Посакувајќи и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат во Република Македонија, односите и соработката меѓу двете земји ќе бележат нагорен развоен тренд.

Како што информираат од МНР, на средбата се разговарало и бил потврден заемниот интерес за унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, со ставање значаен фокус на економската соработка во претстојниот период, како и натамошно продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Амбасадорката Чаба ја пренела канадската поддршка на реформската агенда на Владата на Република Македонија и ги поздравила надворешно-политичките активности кои земјава ги презеде во изминатиот период.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари