logo
logo
logo

Димитриевски: Нека учат нашиот премиер и сите останати како се менаџира енергетска криза од соседна Србија и Бугарија

Vecer | 27.09.2022

Димитриевски: Нека учат нашиот премиер и сите останати како се менаџира енергетска криза од соседна Србија и Бугарија

„Не можете вие во енергетска криза да влезете и да најавите енергетска криза, а да немате претходна комплетна стратегија. Еве, ќе ја земам Бугарија за пример. Односите се такви какви што се со Бугарија, но ние сакале или не еден ден мораме да бидеме партнер, бидејќи народот е океј - официјалната политика не е добра којашто доаѓа од Софија, но една Бугарија којашто е најсиромашна држава во Европската Унија наоѓа можност да го субвенционира стопанството со две третини од вкупниот износ на сметката на секој правен субјект. Тоа за нас е мисловна именка. Нека учи малку и премиерот и сите останати задолжени за оваа работа од соседна Бугарија. Да не зборувам за Вучиќ или Србија кадешто претседателот Вучиќ многу вешто игра во оваа состојба, цената на гасот кај нас е неколку пати поскапа. Всушност и последниот проект „Open Balkan“ што се промовира на голема врата е одлична идеја, па кога ќе отидете на граница чекате четири часа. Па, за каков „Open Balkan“ зборуваме?“, ова вечерва го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24. Тој истакна дека ова е последниот момент за државата.
„Сериозно сум загрижен и за државата, но и за граѓаните Ние сме денеска крај на месец септември, вообичаено на крајот на овој месец, пред секоја врата и домаќинство гореше ќумбе и се печеа пиперки. Зошто? Бидејќи е скапо да купите ајвар, а дома можете поевтино да си го направите. Колку куќи вие денеска видовте дека се пече ајвар? Многу помалку од минатата година“, рече Димитриевски.
Во однос на граѓанското здружение „За наше Куманово“ и формирањето на движење, Димитриевски изјави дека основната определба е да се вратиме на асномските и крушевски корени на државата, бидејќи се избега многу далеку и се разнебитивме самите себеси поради погрешните, популистички и алчни политики на поединци.
„Тоа мора да го сузбиеме. Македонецот е Македонец и од него друго не бива. Субјектот е и ќе биде по примерот на Куманово. Ние имаме советници и Срби, и Албанци, и секако во движењето имаме и Роми. Ќе биде мултиетнички, но, мора да се почитува вредноста и достоинството на Македонецот затоа ние со овие погрешни политики сме за жал од национален аспект загрозени“, посочи Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk