logo
logo
logo

Димитриевски до Заев: Не понижуваш, газиш по нашата историја и коските на нашите предци

Vecer | 23.09.2021

Димитриевски до Заев: Не понижуваш, газиш по нашата историја и коските на нашите предци

Има ли крај на оваа самопонижување?, праша на Фејсбук актуелниот градончалник на Куманово Максим Димитриевски, а по денешните изјавени лични ставови во јавноста од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, а поврзани со историските прашања.

„Има ли крај на оваа самопонижување? Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и сеуште се антифашисти. На 11ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен

Премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, истакнува Димитриевски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk