logo
logo
logo

Димитриевски: До каква политичка катарза е дојдено кога имаме политички партии кои водат кампања со црна пропаганда за противкандидатите

Vecer | 23.10.2021

Димитриевски: До каква политичка катарза е дојдено кога имаме политички партии кои водат кампања со црна пропаганда за противкандидатите

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во дебатната емисија на МТВ истакна дека позади неговата кандидатура застанаа граѓаните и за вториот круг ја побара поддршката од сите политички субјекти.

„Уморни сме од политика и од непринципиелности. Тие стереотипи мора да се разбијат во ова наше општество ако сакаме да градиме суштински, правилно, еднакво општество за сите. Концептот „За наше Куманово“ тоа го потврди и докажа. Граѓаните се одважија. Јас барам поддршка од сите. Барам и од моите социјалдемократи, барам и од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, ДУИ, ДОМ, ЛДП, Левица. Барам поддршка од сите политички субјекти. Тоа што одреден круг на луѓе е строго контролирано од политичките субјекти, особено кои се вработени во јавна и државна администрација, вие тоа вечно не можете да го правите.

Ова општество мора да се ослободи. Се боревме за деполитизација, за слободен пристап на граѓаните. Кога имаме големи политички партии кои водат кампања со црна пропаганда за противкандидатите замислете до каква политичка катарза е дојдено во општеството, штом е забрането нешто со закон, а вие упорно го третирате и презентирате лаги и невистини, на коишто барате внимание, а не добивате. Граѓаните се повеќе од свесни дека ова е борба за Куманово и ова всушност е борба за Македонија“, рече Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk