Димитриевски: Ако обвинувањата за тендерите и грантовите се точни, мора да ги осудиме

Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите, и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања, напиша на „Фејсбук“, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, по информациите во јавноста дека власта поделила тендери и грантови на владини функционери и сопартијци.

„Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува “deja vu”.
Доколку и 1 промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите, и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања!
‘Живот за сите’ нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене бидејќи така многу лесно ќе преминеме на “темната страна”. Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – граѓаните на Македонија“, напиша Димитриевски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари