logo
logo
logo

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се разочарани од власта, бараат избори и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 03.06.2023

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се разочарани од власта, бараат избори и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Народот јасно гледа дека состојбата е неподнослива со уништената економија, доста е од националните предавства и порази кои што ги организира и во континуитет им ги приредува на народот владата на СДС и ДУИ, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска при денешната посета во општина Теарце во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.

Според Димитриеска-Кочоска нема потреба да се случуваат лидерски сресби само за маркетинг потреби, туку треба да се седни на маса и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот од уставните измени, децидно повторувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржува уставни измени.

-Јасно е дека уставни измени нема да има и заради тоа нема потреба од лидерски средби доколку се прават само за маркетинг потреби. Потребно е да се седни и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случи по неуспехот од уставните измени, истакна таа.

Потретседателката Димитриеска -Кочоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на граѓаните за развој во економијата, притоа зачувувајќи го македонскиот идентитет и токму поради тоа граѓаните бараат предвремени избори.

ВМРО-ДПМНЕ има свој концепт кој што го нуди пред граѓаните и од таа причина извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

-Граѓаните сакаат предврелени избори се со цел да може да дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ кој што има свој развоен концепт и ќе ја развие економијата, притоа зачувувајќи го македонскиот идентитет, рече Димитриеска-Кочоска.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk