logo
logo
logo

Димитар Ковачевски ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИТИРА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ

Vecer | 27.11.2021

Димитар Ковачевски ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИТИРА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ

Димитар Ковачевски кој по се е најсериозен кандидат за лидер на СДСМ и заменик на Заев на премиерската позиција потврди дека ќе се кандидира на внатрепартиските избори.

По утврдената оставка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и распишаните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, актуелниот – заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски најавува дека ќе се кандидира за иден лидер на СДСМ.

– Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, рекол Ковачевски во изјава за „Фокус“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk