Димитар Грчев потврди: Да, работам за ЕЛЕМ

Димитар Грчев, син на професорот и советник во министерството за култура Мирослав Грчев, на неговиот фејсбук профил потврди дека се вработил во ЕЛЕМ, откако неколку медиуми пишуваа за тоа.

„Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа", пишува Грчев на неговиот фејсбук профил.

Медиумите пишуваат и дека во ЕЛЕМ е вработена и ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, Бесија Џафери. За оваа информација се уште нема потврда.

 

-Тоа во време на ВМРО го викавме непотизам, сега ваљда го викате ,,успеав да се снајдам".Браво чим се радуваш на државна плата! – коментира една граѓанка.

Друга граѓанка се потсмева со неговата изјава дека претходно земал повисока плата.

– Фино од тебе што повисоката плата во Штип,ја отстапи на некој друг.До лани лаевте, сеа и сензитивни дури.Ај на здравје со нафтава, ама на екс. – му пишува граѓанката на младиот Грчев.

Во одговор до револтираните граѓани, Димитар Грчев објаснува дека ја напуштил претходната работа во октомври затоа што таму не му одговарало темпото на работа.

Според сознанијата на Лидер кои доаѓаат од ЕЛЕМ и АВРМ, Димитар Грчев е вработен на позицијата Инжинер за животна средина а Бесија Џафери во оваа државна компанија ќе работи како правник.

Поврзани

Најнови вести

Коментари