logo
logo
logo

Дилер баран од германската полиција се криел во Тетовско

Vecer | 06.03.2021

Дилер баран од германската полиција се криел во Тетовско

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30).

Тој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана  на територијата на Германија, за кое дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.

Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk