logo
logo
logo

ДИК му го врачи уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општина Бутел

Vecer | 25.10.2021

ДИК му го врачи уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општина Бутел

Од Општинската изборна комисија на Општина Бутел, денеска му е врачено уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општината.

Како што соопштија од општината, градоначалникот Костовски при тоа истакнал дека од денеска е во служба на граѓаните и дека „сите заеднички ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитена Општина Бутел“.

Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, беше направено и примопредавање на функцијата, откако досегашниот градоначалник го пречека новоизбраниот Дарко Костовски.

Според резултатите од гласањето во првиот круг на Локалните избори 2021, во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа покрај ВМРО-ДПМНЕ со 10 советнички места, следат СДСМ – четири, ДУИ – три и АА/А и Левица со по едно советничко место

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk