logo
logo
logo

ДИК: Гласањето и МОЛКОТ продолжуваат и по 19 часот

Vecer | 17.10.2021

ДИК: Гласањето и МОЛКОТ продолжуваат и по 19 часот

Гласањето за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите и по 19 часот ќе продолжи сѐ додека тие не го остварат своето право на глас, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

ДИК испратил мејл до општинските изборни комисии со известување да ги информираат избирачките одбори да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно. Причината за ова се бројните проблеми кои се појавила при употребата на апаратите за отисок на прстите. Изборниот молк ќе трае додека ДИК официјално не потврди дека се затворени сите избирачки места.

Бројни се информациите од избирачките места за застои при употребата на „фингерпринтовите“, гласањето се успорува, се создаваат турканици. Дури една четвртина од отпечатоците од прсти добиени од новите апарати не биле со добар квалитет. Во седум избирачки места се гласа со УВ ламба и спреј, како на претходните избори.

„За Град Скопје има четири ливчиња, има огромни избирачки списоци, проверката трае двојно подолго. И таму ќе биде дозволено да се гласа сè додека не гласа и последниот гласач“, рече Даштевски.

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,8 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403.715 гласачи.

Досега се поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, од кои 63 се прифатени, а десет се одбиени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk