logo
logo
logo

Џафери: Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, НЕ ЗАВИСИ ШТО МИСЛИ ТАЛАТ

Vecer | 06.06.2023

Џафери: Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, НЕ ЗАВИСИ ШТО МИСЛИ ТАЛАТ

Во политиката нема ништо дефинитивно и коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ е можна, смета претседателот на Собранието, Талат Џафери кој вели дека за тоа не одлучуваат самите политички субјекти.

Џафери вчера во дебатна емисија зборуваше за евентуална коалиција на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период, со оглед дека следната година е изборна.

На прашањето дали по изборите ДУИ би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека „во политиката никогаш не вели никогаш“.

„Хипотетички не може да се зборува во дефинитивна форма, во политиката нема дефинитивна форма за последователни прашања бидејќи тоа не е работа за која одлучуваат политичките субјекти. Последователните прашања по изборите се прашања за кои се разговара во партиските тела и тоа не зависи од конкретната позиција што мисли денес Талат Џафери како претседател на Собранието, бидејќи ние го немаме тоа овластување. За среќа или за жал, декларации не се даваат и менуваат секој ден, а во политиката тоа е основна работа која никогаш не се кажува во дефинитивна форма“, рече Џафери во емисијата „Клик плус“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk