logo
logo
logo

Стојаноска

„Џафери го потиша етичкиот кодекс И ПРВ ГО КРШИ“

Vecer | 25.05.2022

„Џафери го потиша етичкиот кодекс И ПРВ ГО КРШИ“

Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

Човекот кој прв го потпиша етичкиот кодекс, најгрубо го крши истиот и бега од одговорност вели Стојановска.

-Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал, појасни Стојаноска.

Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието, рече таа.

Стојаноска вели дека тие секогаш ќе бидат тука за да го потсетуваат за неговото однесување и работа и дека е еден најнеспособните претседатели.

-Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да пробува да се заборави овој скандал дека дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието. Исто така го повикуваме господинот Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повод прекршувањето на етичкиот кодекс од страна на Талат Џафери, додаде Стојаноска.

Доколку Џафери не понесе одговорност за ваквото однесување ќе даде до знаење до сите пратеници дека етичкиот кодекс на кој што сите заедно работевме, повеќе не важи во законодавниот дом, појасни таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk