Третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет, бидејќи сè уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза, изјави директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, во интервју за Телма.

Tој смета дека сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години, оти, како што вели, поради децата кои одат на училиште се создаваат можности за пренос на коронавирусот.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – вели д-р Петличковски.