Девојката на Саздовски имала закани за сведочењето за убиството

Прв сведок кој треба да даде исказ за убиството на Никола Саздовски е неговата девојка која била присутна на лице место кога се случил нападот.

Богдановска запрашана од судијката Даниела Алексовска Стефановски дали имала закани од некого во однос на сведочењето за настанот, таа одговори позитивно.

„Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави“, рече девојката.

Судечкиот совет даде 15-минутна пауза по што ќе се одлучува за сведочењето на девојката на Саздовски земајќи го  предвид фактот дека сведокот е малолетник.

Виктор Јованов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари