logo
logo
logo

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Vecer | 12.04.2021

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.

За овој настан беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

Во февруари беше изречена втора пресуда за случајот.

Бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се осудени за тероризам на доживотен затвор, а иста казна доби и Агим Исмаиловиќ.

Обвинетиот Хаки Азири е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело, за што доби казна во траење од девет години.

Фејзи Аризи е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор.

Судот го офрли обвинението за Сами Љута.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk