logo
logo
logo

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА на автопатот Скопје-Тетово. ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ на загинатиот и повредените

Vecer | 19.10.2021

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА на автопатот Скопје-Тетово. ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ на загинатиот и повредените

Жител на Тетово на 45-годишна возраст, со иницијали Ф.Р, е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово.

– На местото на несреќата животот го загуби Ф.Р (45) од Тетово. Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога, како и Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител. По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција кај починатото лице, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три патнички возила, опел, пежо и голф, како и товарно возило мерцедес. Започната е истрага за да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната несреќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk