logo
logo
logo

ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА на 33-годишната битолчанка – имала симптоми на коронавирус, но не била тестирана

Vecer | 17.01.2022

ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА на 33-годишната битолчанка – имала симптоми на коронавирус, но не била тестирана

Жена на возраст од 33 години ноќеска починала во битолската болница. Била примена со кашлица, ниска сатурација и болки во градите. Информацијата за МКД.мк ја потврди директорката на Клиничката болница Битола, Билјана Гагачовска. Таа вели дека според досегашните податоци, починатата пациентка немала коморбидитети, освен што имала зголемени килограми.

„Пациентката синоќа беше задржана на болничко лекување. Имала проблеми со дишењето, изразена кашлица и болки во градите. Иако имала симптоми на корона, не била тестирана и не се води како позитивен случај. Во текот на ноќта состојбата на пациентката драматично и се влоши, а утрово почина. Нема коморбидитети освен обезност. Пациентката не е вакцинирана“, ни изјави директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачовска.

На барање на лекарите врз телото на починатата пациентка ќе биде направена обдукција која ќе треба да ги утврди причините поради кои толку брзо и се влошила состојбата и таа починала.

Во Битола периодов кога е зголемен бројот на случаи на ковид-19 има 1.456 позитивни пациенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk