logo
logo
logo

ДЕТАЛИ за ГРОМОТ КОЈ УДРИ ВО ГРАДИШТЕ: Најмалку 13 повредени, четворица посериозно

Vecer | 18.07.2021

ДЕТАЛИ за ГРОМОТ КОЈ УДРИ ВО ГРАДИШТЕ: Најмалку 13 повредени, четворица посериозно

Најмалку 13 лица пријавиле повреди или трауми предизвикани од удар на гром во невремето што попладне околу 15 часот го зафати Охридскиот регион.

Според информациите, громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близина на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите главно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес, како проблеми со слухот, дишењето…

Интервенирала службата за Итна медицинска помош и повредените се  медицински згрижени во здравствените домови во градот.

Слично невреме во Охридскиот регион имаше пред неколку дена, проследено со краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд, наместа град и чести електрични празнења.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk