logo
logo
logo

ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ: Запленети дрога, автомобили, приведени

Vecer | 25.03.2021

ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ: Запленети дрога, автомобили, приведени

Приведено е 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ.

Извори од истрагата посочуваат дека уапсените се веќе во полициска станица по што ќе бидат предадени на надлежен обвинител и изнесени пред суд.

Акцијата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР, е за апсење организирана криминална група за трговија со дрога.

Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk