logo
logo
logo

Денеска продолжува судењето на трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски

Vecer | 24.03.2021

Денеска продолжува судењето на трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужам, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

За убиството на дваесетгодишниот Саздовски Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелација годинава делумно ги прифати жалбите на Беља и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.

Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk