logo
logo
logo

Советникот на Стејт департментот Дерек Шолет доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

Vecer | 08.12.2022

Советникот на Стејт департментот Дерек Шолет доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шолет ќе ја посети Македонија на 14 декември за да разговара со владините лидери за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Покрај во Скопје, тој ќе оди и во Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија со меѓуагенциска делегација од 11 до 17 декември.

„Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“, соопшти Стејт департментот.

На 12-13 декември, советникот Шолет ќе отпатува за Приштина, Косово, каде што ќе се сретне со владини претставници и други политички лидери за да разговараат за продолжување на соработката за низа прашања, вклучувајќи ги и напорите на САД за унапредување на интеграцијата на Косово во европските и евро-атлантските структури , вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусиран на меѓусебното признавање.

На 13 декември, советникот Шолет ќе продолжи во Белград, Србија, каде со раководството на српската влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за членство во ЕУ. Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатна нормализација на односите со Косово.

На 14 декември, советникот Шолет ќе отпатува во Сараево, Босна и Херцеговина за да се сретне со претставници на владините институции на БиХ за да разговараат за владеењето на правото, економските, енергетските и одбранбените реформи и со официјални лица ангажирани во борбата против корупцијата и другите сериозни злосторства .

Тој, исто така, ќе отпатува во Скопје, Северна Македонија, каде ќе се сретне со владините лидери на разговори за низа прашања, вклучително и енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

На 15 декември, советникот Шолет ќе отпатува во Подгорица, Црна Гора за да се сретне со владините лидери и граѓанското општество за да разговара за актуелниот политички ќорсокак, заедничката посветеност на регионалната безбедност и континуираниот напредок на Црна Гора кон евроатлантската интеграција.

Во Загреб, Хрватска, советникот ќе се сретне со владини претставници за да разговара за одбранбената соработка, европската енергетска безбедност, како и за економскиот просперитет и безбедност во регионот, а ќе ги финализира хрватските договори за взаемна правна помош и екстрадиција со Соединетите држави.

Оттаму велат дека Шолет потоа, ќе отпатува во Брисел, Белгија од 16 до 17 декември за да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, енергетската безбедност , и дијалогот меѓу Косово и Србија олеснет од ЕУ.

Фото: Стејтдепартмент

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk