Денеска врнежи од дожд, а на планините снег

Метеоролозите за денеска најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни во попладневните часови во западните и северните делови (над 20л/м2).

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари