logo
logo
logo

Денеска топло време со температура до 39 степени, од среда пороен дожд и грмежи

Vecer | 16.08.2021

Денеска топло време со температура до 39 степени, од среда пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во итнтервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

До среда ќе се задржи многу топло време. Дестабилизација со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда попладне, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk