logo
logo
logo

Денеска симболично, СЛЕДНИОТ ПАТ РАДИКАЛНО, предупредувачки протест на синдикатот (ВИДЕО)

Vecer | 15.04.2021

Денеска симболично, СЛЕДНИОТ ПАТ РАДИКАЛНО, предупредувачки протест на синдикатот (ВИДЕО)

Конфедерацијата на слободни синдикати поддржани од СОНК денеска одржаа протест во Скопје на кој побараа  почитување на законите, да запре притисокот врз работниците и синдикалните лидери и почитување на работничките права од страна на власта и работодавците.

–Нашите барања се почитување на законите, почитување на колективните договори. Во Македонија сите закони од трудовото право се кршат, а ние кога бараме почитување на тие закони тогаш се пресметуваат со синдикалните лидери, со синдикалните членови. Пробуваат да ги растурат синдикалните организации. Затоа кажавме денеска – доста е, претеравте, рече  претседателот на КСС, Благоја Ралковски.

Тој истакна дека сите барања се во насока на подобрување на социо-економскиот статус на нивните членови и на сите работници  и дека доколку власите не ги послушаат, ќе продолжат со протестите.

–Ќе биде уште порадикално, ќе биде многу помасовно затоа што денеска беше само симболично. Нека размислат, доставивме до нив барање да направиме еден разговор на фер основа каде што ќе се почитуваме меѓу себе не од позиција на власт, туку како социјални партнери како што е секаде во Европа, потенцираше Ралковски.

https://youtu.be/n3-EXozPK1c

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk