logo
logo
logo

Денеска пристигнува донацијата од кинеската армија од 100.000 вакцини „Синофарм“

Vecer | 15.05.2021

Денеска пристигнува донацијата од кинеската армија од 100.000 вакцини „Синофарм“

Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина.

Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на средбата на шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава.

На крајот на минатиот месец во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk