logo
logo
logo

Денес „Рекет“ пред Апелација

Vecer | 10.05.2021

Денес „Рекет“ пред Апелација

По изречените казни за Бојан Јовановски и Катица Јанева од страна на Кривичниот суд, денес случајот „Рекет“ е на разгледување пред Апелација која може да ги потврди казните со што би станале правосилни, но може предметот да го врати и на повторно судење.

Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор.

Двајцата обвинети се наоѓаат во домашен притвор во моментов. Боки 13 беше во притвор во Шутка, но поради нарушена здравствена состојба, неколку пати беше пренесуван во болница, а на крајот на октомври минатата година му е изречена мерка домашен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk