logo
logo
logo

Денес е 7 мај, денот на македонската полиција

Vecer | 07.05.2021

Денес е 7 мај, денот на македонската полиција

По повод денот на македонската полиција, Министерството за внатрешни работи денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров ” ќе одржи централната прослава. На свеченоста ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во пресрет на празникот, завчера во Ресен беше презентиран комплетно реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи (ОВР), обновен првпат после 40-тина години, за што беа инвестирани 12,7 милиони денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.

Во рамки на зафатите за осовременување и модернизација на условите за работа на полицијата и другите припадници на МВР се работи на реконструкција или реновирање на објектите на СВР Куманово, на Полициското одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работи и на Одделението за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk