Демократскиот сојуз ги повика членовите да гласаат за кандидатите на СДСМ

Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која се расправаше за изборната кампања и актуелнити политички состојби при што ги повикува граѓаните да ги поддржат промените како битен предуслов за стабилизација на државата, воспоставување на систем на еднаква примена на законите и деблокада на евроатлантските процеси.

„Промените се битни за да продолжат реформите и започне економски развој, отворање на нови работни места и подобрување на социјалната состојба на граѓаните. Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници на Коалицијата предводена од СДСМ", велат од партијата.

Нивна оценка е дека изборната кампања се одвива во мирна атмосфера, без партиски притисоци и со толерантен вокабулар. Демократскиот сојуз инсистира државните институции да ги преземат сите законски мерки за да се спречат какви било обиди за нарушување на изборниот процес и фалсификување на волјата на гласачите.

На денешната седница, Централниот совет на ДС, за генерален секретар го избра Глигор Стоименов, а за нови членови на претседателството на ДС ги избра Атанас Стефанов адвокат од Кочани, Верица Филиповска, Миодраг Димов, Дејан Богоевски и Дејан Наумовски. За потпретседател на ДС е избрана Весна Стоименовска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари