Демократски сојуз: Во подготовката на амандманите да се вклучат експертите и партиите

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија, оцени Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

„Пратениците и сите граѓани се соочуваме со сериозни предизвици и сурова реалност, но после драматичниот вчерашен ден, денес веруваме дека сите сме попаметни и помудри, затоа што Македонија ќе чекори напред, како држава на Македонскиот народ и сите грѓани, модерна, европска и држава во која ќе се создадат услови за младите да создаваат и творат во Македонија“, смета партијата.

Демократскиот сојуз порача во подготовката на амандманите да се вклучат сите експерти и преставници на партиите, се со цел, да се обезбеди и зацврсти македонскиот национален идентитет, јазикот и другите посебности.

„Време и опозицијата да ги преиспита своите ставови и постапки и да се вклучи во процесите кои отвораат перспективи за Македонија и значат мир, стабилност и безбедност, како клучни предуслови за економски развој и достоинствен живот. Потребно ни е единство, сплотеност разумно и мудро однесување“, наведува Демократскиот сојуз преку соопштение до јавноста.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари