Водоснабдување за дел од корисниците во населбата Козле е во прекин, а како причина се наведува дефект на водоводна цевка.

Имено, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јури Гагарин“, „Козле“ и улиците „Мокра“, „Струшка“ и „Кораб“ поради уличен дефект на водоводната цевка Ф80мм на улица „Јури Гагарин“ 62а.

Водоснабдувањето е во прекин од 09:15 часот до завршување на дефектот, соопштија од ЈП Водовод и канализација.