logo
logo
logo

Дедо пукал од балкон во Ѓорче Петров, а дома му пронашле уште оружје и куршуми

Vecer | 16.09.2021

Дедо пукал од балкон во Ѓорче Петров, а дома му пронашле уште оружје и куршуми

Скопјанец од општината Ѓорче Петров вчера попладне од балкон испукал неколку куршуми во воздух, по што полицијата влегла во неговиот стан. 

– Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К. (70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, инфомрираат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk