Мелиса (15) и Аниса (12), двете тинејџерки кои од четвртокот биле пријавени за исчезнати, денеска биле пронајдени во скопската населба Чаир, потврдуваат од МВР. Денеска во 13.30 часот на улицата „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, полицајци ЕВР Центар и Бит Пазар, по деноноќна потрага, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), соопштија од МВР.

Таткото на Аниса веќе два дена по социјалните мрежи апелираше за помош во пронаоѓање на неговата ќерка. Според неговите апели, Аниса е изгубена од четвртокот наутро кога излегла од дома и тргнала кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир. По завршување на часовите таа не се вратила дома.

Истиот ден и познаничката на Аниса, 15-годишната Мелиса била пријавена за исчезната.

Од МВР најавуваат официјална информација за овој случај.