Дебарец измамен од две лица, му зеле 5 000 денари, а како гаранција му оставиле нараквица

Вчера во текот на денот 28-годишен жител на Дебар во полициската станица Центар пријавил дека околу 15 часот и 30 минути на улицата „Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му биле одземени 5.000 денари, соопштија од полицијата.

Лицата, како што соопштија МВР го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат.

Оштетениот, велат од МВР им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен. Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари