logo
logo
logo

Датумот не се знае, АМА РУСКИТЕ ВАКЦИНИ ТРЕБА ДА ПРИСТИГНАТ

Vecer | 08.04.2021

Датумот не се знае, АМА РУСКИТЕ ВАКЦИНИ ТРЕБА ДА ПРИСТИГНАТ

Амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин не го знае датум кога ќе пристигнат останатите вакцини Спутник В, но е убеден дека вакцинацијата на македонските граѓани ќе оди непречено и  Договорот потпишан од страна на Рудскиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство ќе биде испочитуван.

Баздникин при денешната посета на Штип посочи дека договорот е потпишан во март и дека во земјава веќе се испорачани 6000 дози.

-Договорот предвидува снабдување со 200000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник В. Оваа количина која е потребна за вакцинирање на 100000 граѓани. До денес испорачани се 6000 дози, 3000 од секоја компонета. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја, вели Баздникин.

Рускиот амбасадот истакна дека вакцината Спутник В е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 90 отсто, а за спречување на компликации од корона-вирусот е 100 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk