logo
logo
logo

Даштевски: Заев не е избрифиран дека треба да го реши проблемот со обезбедување на средства за апаратите за фингерпринт

Vecer | 19.02.2021

Даштевски: Заев не е избрифиран дека треба да го реши проблемот со обезбедување на средства за апаратите за фингерпринт

Александар Даштевски, Претседател на Државна изборна комисија во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за набавката на апарати за отпечатоци на прст и рече дека тој како претседател на ДИК смета дека овој проблем да се подигне на ниво на влада.

Имено Даштевски рече дека Зоран Заев излегол со изјава дека ги охрабрува за оваа постапка но не бил избрифиран  дека треба да го реши проблемот со финансиите за да се спроведе целата постапка.

-Излезе Зоран Заев и рече ги охрабрувам ДИК да ја почнат постапката меѓутоа не е избрифиран дека треба да ги решиме овие проблеми за законот и сега сметам дека и тој повикува како претседател на Влада.

Инаку јас имав  еден предлог да го подигнеме проблемот на ниво на влада бидејќи би било срамота за  една држава да не може да спроведе една  постапка, но членовите беа против сметајќи дека ќе добиеме средства и ќе ја спроведеме оваа постапка. Значи јас сум бил во право кога сум го предложил тоа, рече тој во своето гостување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk