Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска нема бугарска лична карта, објави бугарски „24 часа“ од каде велат дека ја провериле информацијата.

24 часа“  пишува дека откако пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ ја обвинила Арсовска дека поседува бугарско државјанство, се јави скандал со „бугарски привкус“.

Наведуваат дека е објавена копија од лична карта, при што има разлика од една буква во името. Копијата покажува документ кој е издаден во 2017 година  со адреса во Петрич и е валиден до 2027 година. Нивниот репортер ја проверил базата за лични документи и таму не фигурира лице кое е родено на 20.12.1979, со наведениот број на личната карта.