logo
logo
logo

Поддршка на кампањата „RACE FOR THE CURE“ – „НАПРЕД РОЗОВО”

Данела Арсовска: Јас сум една од тие жени кои ја добила битката со ракот и посакувам сите да го победат

Vecer | 26.09.2021

Данела Арсовска: Јас сум една од тие жени кои ја добила битката со ракот и посакувам сите да го победат

Данела Арсовска, даде поддршка на кампашања за борба против рак на дојка, наведувајќи дека е една од жените кои таа битка со ракот, ја добила.

-Давам поддршка на кампањата за борба против рак на дојка „RACE FOR THE CURE“ – „НАПРЕД РОЗОВО” и ја поздравувам инцијативата на здружението „Борка–За секој нов ден“ за нивната несебична поддршка и помош на сите жени кои се соочиле со оваа болест.

Јас сум една од тие жени кои ја добила битката со ракот и посакувам сите да го победат. Болеста не прашува за години и пол. Кога јас се соочив со болеста бев многу млада но сепак со единствена мисла дека морам да победам. Колку и да е тешко кога ќе дознаете, најважно е брзо соочување и борбата со болеста. Никако не смее негативните емоции да надвладеат, иако е многу полесно ова да го слушнете отколку кога ќе се соочите.

Сепак, најважна е поддршката, јас имав поддршка од целото семејство и сите пријатели. Затоа и јас несебично ја давам мојата поддршка и секогаш сум отворена за сите кои сакаат да разговараат со мене за ова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk