logo
logo
logo

Дали скопското крило на СДСМ ЌЕ ЗАСТАНЕ ПОЗАДИ КОВАЧЕВСКИ

Vecer | 27.11.2021

Дали скопското крило на СДСМ ЌЕ ЗАСТАНЕ ПОЗАДИ КОВАЧЕВСКИ

Во СДСМ на 12 декември се избира наследник на Зоран Заев, а како најголем фаворит засега се јавува Димитар Ковачевски кој денеска најави кандидатура.

Ковачевски последниве денови се шпекулираше дека се спрема да биде наследник на Заев а вчерашните информации од извршниот и централниот одбор на СДСМ говорат дека лично зоран Заев го предложил за свој наследник

Неизвесно е кои ќе му бидат противкандидати или ќе биде единствен кандидат, а прашање е дали ќе има поддршка од т.н скопско крило.

Фактор пишува дека дел од поддржувачите на екс лидерот Бранко Црвенковски и членовите од Карпош ќе му дадат поддршка на Ковачевски.

Велат дека на 12 декември, за кога се закажани внатрепартиските избори, Ковачевски ќе биде безрезервно поддржан од Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана, од Душко Вескоски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош, од екс-градоначалникот Стефан Богоевски. Ковачевски ќе има силна поддршка и од Пеце Мирчевски- директорот на Заеднички служби, како и Виктор Исјановски-директор на Здравствен дом Скопје, а изворите на Фактор велат дека на страната на Ковачевски се и Леонид Наков и Игор Ивановски-Шема, луѓето кои во редовите на СДСМ важат за големи приврзаници на Бранко Црвенковски.

-Ќе има големи и позитивни промени во партијата, што секако ќе биде во насока за доброто на државата. Ова се прогресивни сили кои на 12.декември сета поддршка ќе му ја дадат на Димитар Ковачевски, кој долги години е во СДСМ и е навистина етаблиран кадар во партијата, велат изворите на Фактор.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk